Многу од Вас се запознаени, но за оние што не знаат, Македонците во Англија се собираат еднаш неделно, и играат фудбал.
Кога времето е добро, тоа се одвива во Паркот во Актон, веднаш до Вардар кафе, а кога времето не е добро, играат во затворена сала. Атмосферата е многу пријателска, позитивна и весела.
Минатата година беше одржан турнир во Охрид помеѓу Македонците од дијаспората. Учествуваа тимови од Австралија, Германија, Србија и други. Меѓу нив учествуваа и нашите дечки, кои ја претставуваа дијаспората од Англија и освоија второ место.
Сите кои се заинтересирани да играат фудбал и да се дружат се добредојдени...
 |