год.
Контакт

Видео
Временска Прогноза
Лондон:

Click for London, Обединетото Кралство Forecast

Скопје:
Click for Skopje-Petrovec, Macedonia Forecast
Курсна листа НБМ
EUR
60.89     61.50
USD
42.65     42.08
GBP
68.06     68.74
Научете Македонски
Македонска Православна Црква - Лондон
St. Barnabas Chapel, Manette Street, Soho, London
Телефон: 447799464747, Е-маил: mpc-uk@hotmail.co.uk

 

 

SLIKI OD VELIGDEN 2010

     


Известување
Со посебна радост и задоволство Ве известуваме дека, доколку имате деца на возраст од 5 до 15 години, ќе може да ги запишете во новоотвореното училиште по Македонски јазик при нашата Црковна општина Свети Архангел Михаил во Лондон.

Наставата ќе се изведува секоја недела во просториите на St Barnabas House во траење од два наставни часа од по 45 минути. Првиот час ќе биде посветен на изучување на Македонскиот јазик, додека вториот ќе биде од областа на: Историја, Географија, Култура и уметност на Република Македонија.

Наставата ќе ја изведува г-а Катерина Јосифовска, димпломиран Историчар на уметноста при катедрата на Филозофскиот факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје.

Поради ограничениот број, Ве молиме Вашите деца навремено да ги пријавите на контактите наведени во ова известување. Доколку интересот биде голем и го надмине бројот предвиден за една паралелка, во тој случај би се формирала и втора паралелка, за која веќе има потенцијални кандидати за учител.

Посебно би сакале да нагласиме дека училиштето ќе биде отворено и бесплатно за секого, независно од верската и националната припадност.

Ве молиме пријавете се на следните контакт адреси:
- Катерина Јосифовска на е-маил: kivanoska@googlemail.com
- о. Виктор Стојчев на е-маил: fatherviktor@yahoo.co.uk
мобилен: 07747 061 391 07747 061 391

Со почит,

Црковен Одбор
Црковна општина Свети Архангел Михаил
Лондон
Поминати настани

24-Јануари-2010 год.

Почитувани, 

Со особена радост сакаме да Ве известиме дека редовното годишно изборно собрание при нашата Црковна Општина Свети Архангел Михаил и сите свети Ангели ќе се оддржи на ден 24/01/2010 година со почеток во 13:00 часот во просториите на Храмот посветен на Свети Варнава на Сохо.

Сите заинтересирани православни Христијани кои имаат желба да помогнат со свои идеи и знаења можат да присуствуваат и да земат учество на истото, како и да предлагаат и да бидат предложени за членови на Црковниот управен одбор. 


Бог Посреди нас
Црковниот Одбор
St. Barnabas Chapel, 
Manette Street, Soho, 
London



07-Јануари-2010 год.

Почитувани во Господа, браќа православни Христијани 

По повод празникот Рождество Христово-Божиќ на ден 07/01/2010 година со почеток во 10:30 часот во храмот посветен на Свети Варнава на Сихо ќе биде Богослужена света празнична Литургија.

Веднаш по завршетокот на Литургијата ќе биде приредена Света празнична трпеза на љубовта со која и официјано ќе го завршиме Божиќниот пост.

Христос се Роди!
Навистина се Роди!

Бог Посреди нас
Црковниот Одбор
St. Barnabas Chapel, 
Manette Street, Soho, 
London
 

06-Декември-2009 год.

Нa 06-12-2009 год. во храмот на Свети Варнава ќе биде Богослужена света Архиерејска Литургија со која ќе чиноначалствува неговото високопревосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен.

Бог Посреди Нас

22-Ноември-2009 год.

По повод прославата на Свети Архангел Михаил патронот на нашата Црковна општина , недела 22-11-2009 год. со почеток во 10:30 часот ке бие Богослужена света Литургија.

Имено за прв пат во нашата средина ке имаме Венчавање според Православната традиција за време на Литурѓијата.

Бог посреди нас и на многаја лета !!!

1 2 3
4 5 6
7 8 9
10 11 12



Билтен
За најновите информации, настани, собири...
 
Mario Marble Granit
Berkshire International Investments
Euro Lignit Trans DOO
 
 
 
 

dijaspora.co.uk © 2009 Македонска Дијаспора UK. Дизајнирано од LQ9ESIGNS™

             Bookmark and Share